Извор:Татјана Перелигина
На почетокот на октомври Стејт департментот на САД објави информација за состојбата на стратешките нуклеарни сили на Москва и на Вашингтон, добиени по пат на размена на информации меѓу двете страни според условите на Прашкиот (2010 година) договор за мерките за понатамошно намалување и ограничување на стратешкото вооружување (СНВ-3). Дел од домашните медиуми известуваа дека Русија постигнала паритет со Вашингтон според бројот на носачите на нуклеарно оружје.
САД се лидери
Ваквото тврдење не е сосема коректно. На овој факт во своите коментари за една од информациските агенции укажа и поранешниот началник на Главниот штаб на Ракетната војска за стратешка намена генерал-полковник Виктор Есин: „Според бројот на интерконтиненталните балистички ракети, балистичките ракети на подморниците и на тешките бомбардери, кои и го составуваат воениот потенцијал на стратешките нуклеарни сили, Русија, како и претходно, заостанува зад САД, - им изјави тој на новинарите. – Во Русија вакви нуклеарни средства има 528, а САД имаат 266 единици повеќе“.
Русија ја засилува „нуклеарната тријада” Руската атомска подморница „Владимир Мономах“ заплива во Белото море и изврши лансирање на интерконтиненталната балистичка ракета „Булава“. |
Доколку подобро ги погледнете официјалните податоци, тогаш ќе видите дека според состојбата од 1 септември годинава САД имаат 794 интерконтинентални балистички ракети, балистички ракети на подморници и на тешки бомбардери, а Русија само 528. Притоа Вашингтон поседува 1.642, а Русија 1.643 боеви глави. Бројот пак на распоредените и нераспоредените инсталации во САД изнесува 912, а кај Русија 911.
Проста математика
За да не се изгубиме во бројките треба да се потсетиме дека според условите на Договорот СНВ-3, до 2018 година секоја од страните треба да има по 700 распоредени стратешки носачи на нуклеарно оружје (односно да се наоѓаат во војските и да бидат на воено дежурство) и уште 100 непоставени, односно да се наоѓаат во магацините. Во исто време и едната и другата страна не може да имаат повеќе од 1.550 поставени нуклеарни боеви глави. И сега станува јасно дека САД треба да продолжат со намалувањето на своите стратешки нуклеарни сили, пред сè на бројот на поставени стратешки ракети, а Русија може да го зголемува количеството на своите стратешки носачи. Притоа, таа треба, исто како и САД, да го намали бројот на нуклеарните боеви глави на нив.
Приближната еднаквост на нуклеарните боеви блокови на стратешките носачи во Русија и САД се објаснува и со тоа што надземните балистички ракети „Министмен“ на Вашингтон, по правило, имаат од една до три нуклеарни боеви глави. САД поседува околу 450 вакви ракети. А, основниот нуклеарен потенцијал е распореден на стратешките ракети на атомските подморници „Трахдент-2“, при што на секоја од нив има по осим боеви блокови што се разделуваат, а кои се со индивидуално таргетирање. Атомски подморници од класата „Охајо“ со стратешки ракети во САД има 14, на секоја од нив има по 24 ракети. Тоа се отприлика илјада нуклеарни воеви глави, скриени во длабочините на океаните. Постојат уште и 230 стратешки бомбардери од три вида – В-52Н, В-1В и В-2А (од нив повеќе од 50 единици се наоѓаат во магацин). А, секој од овие бомбардери според условите на СНВ-3 се смета како една ракета, иако авионот може да носи многу ракети со нуклеарни боеви глави и атомски бомби.
Национална безбедност
Договорот за РСМД станува за Русија товар Договорот за уништување на ракетите со среден и мал дострел (ДРСМД) во последно време стана составен дел од сериозните несогласувања меѓу Москва и Вашингтон. |
Рускиот основен потенцијал на стратешко нуклеарно вооружување е дислоциран во Ракетната војска со стратешка намена. На моноблоковите (едноглавите) ракетни мобилни и силосни комплекси „Топољ“ и „Топољ-М“ според пресметките од 1 јануари 2014 отпаѓаат 186. На мобилните и на силосните комплекси „Јарс“ со разделувачки глави со индивидуално насочување отпаѓаат има околу триесет и нешто единици. А, исто така тука се и силосните комплекси Р-36МУТТХ\Р-36М2 „Воевода“ со 10 разделувачки глави со индивидуално насочување и УР-100НУТТХ „Стилет“ со шест разделувачки глави со индивидуално насочување. На воена готовност има 92 ракети. сè на сè „на земја“ ние имаме 311 ракети и 1.078 боеви глави. На осум домашни атомски подморници со стратешка намена во истиот период, дури на воена готовност не дојде стратешката атомска подморница од класата „Бореј“ со ракети „Булава“, имаше 112 ракети Р-29Р и Р-29М „Синева“ и „Лајнер“ со 416 боеви глави. И уште 66 стратешки бомбардери Тѕ-95МС и Ту-160.
Наведената математика не зборува за нуклеарен паритет на Русија и САД, туку за стратешки баланс, кој го тера Вашингтон со Москва да потпише договор за мерките за понатамошно намалување и ограничување на стратешкото вооружување.
Русија нема намера да доаѓа до паритет во стратешкото нуклеарно вооружување со ниту една држава. Таа совесно си ги исполнува своите обврски според Договорот СНВ-3 и, како што покажуваат неодамнешните вежби на Ракетната војска за стратешка намена, ги зачувува стратешките сили на воздржување во висок степен на воена подготвеност. И тоа не поради некакви закани, туку како суверено право за осигурување на својата национална безбедност и на безбедноста на своите сојузници
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче