Седум разлики помеѓу темната мечка и гризлито

Getty Images
По шегите што политичарите на САД и Русија ги разменија на сметка на мечката, решивме да ги пронајдеме разликите помеѓу „нивните“ и „нашите“ космести ѕверки.

„Постои една стара изрека дека руската мечка не може да угине, ами само да падне во зимски сон“, изјави на 4 октомври републиканскиот кандидат за потпретседател на САД Мајк Пенс во дебатата со кандидатот на демократите Тим Кејн.

Следниот ден портпаролот на Министерството за надворешни работи Марија Захарова на својот Фејсбук-профил ја прераскажа шегата на Пенс и додаде: За разлика од гризлито.

Потоа разликите помеѓу гризлите и темната мечка станаа тема за разговор на социјалните мрежи, во фастфудовите и во редовите за кафе од обете страни на океанот. Да видиме заедно кои се тие разлики.

 „Адреса“ на живеење

Во принцип, гризли е подвид да темната мечка Ursus arctos која е блиска до сибирските подвидови темна мечка. Во САД гризлито живее главно на Алјаска, а исто така и во определени национални паркови, вклучувајќи го и Јелоустоун.

Темната мечка живее речиси во сите шумски масиви на Русија, освен во јужните подрачја.

Getty Images
Getty Images
 
1/2
 

Look

Гризлито може да биде тешко еден тон и долго 4 метри. Спаѓа меѓу 10 најсвирепи животни на планетава. Има долги влакна со сивкав отсјај.

Руските мечки имаат кратко влакно со кафеав отсјај. Помали се и послаби од гризлито, но се повешти од него.

Alamy/Legion Media
Getty Images
 
1/2
 

Имиџ

Гризлито има имиџ на крвав убиец. Во американската култура тоа се има прославено во два наврати: кога замалку не ја изеде Златокоса во истоимената приказна и кога во канџи го имаше главниот лик на филмот „Повратник“ кого го глумеше Леонардо Дикаприо.

Во руските народни сказни мечката има репутација на мудро и разбрано животно. Русите нагалено ги викаат Мишка (нагалено од машкото име Михаил) и често ја прикажуваат на националните симболи. На пример олимпискиот Мишка кој беше маскота на летната Олимпијада 1980 година во Москва.

Маникир

Гризлито има долги канџи (околу 15 сантиметри), додека канџите на руската мечка се многу покуси. Гризлито со своите канџи може да ја растргне својата жртва како од шега, додека руската мечка се потпира на своите заби.

Getty Images
 
1/2
 

Гимнастика

Руската мечка се качува по дрвја во потрага по храна, додека гризлито може само да мечтае за тоа зашто долгите канџи и тежината му пречат да се качува по дрвја.

Исхрана

И гризлито и руската мечка јадат сè, но по своите гастрономски убедувања и двајцата се пескетаријанси, односно вегетаријанци што јадат риба. Омилена храна им се разни видови билки, бобинки и јаткасти плодови, мед, и, секако, свежо уловен лосос. Во врска со ова единствената разлика е во вкусот на билките и видовите риба.

Getty Images
Getty Images
 
1/2
 

Опаш

Опашот на гризлито е мошне кус, а на темната мечка е малку подолг. Не е познато како мечките во практика ја користат оваа разлика – засега тоа го држат во тајност.

(ДОДАТОК) Политика

Мечките сè уште не се изјануваат во врска со политичките прашања, така што нивните ставови во оваа област за нас и понатаму се непознати.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња