Како се појавил Мишка, симболот на московската Олимпијада 1980

Алексеј Подубниј / ТАСС
На 19 јули 1980 година се отворија Олимписките игри во Москва. Нивниот маскота - шармантното мече со тока од олимпискиот симбол – сè уште е популарна во голем број земји во светот. За неговото создавање раскажува нејзиниот авторот, уметникот Виктор Чижиков.

Како започна историјата со маскотата на Олимписките игри?

Виктор Чижиков: Тогаш работев во детско издаваштво и не знаев ништо за конкурсот за маскота на Олимпијадата. Сето тоа бидна случајно. Еден мој пријател се сретнал со еден од раководителите на Сојузот на уметниците во Русија, кој му раскажал за натпреварот - за тоа дека веќе се добиени околу 40 000 варијанти за мече, но жирито не може да најде соодветен. И му советувал да се вклучат и детски уметници. Рокот беше еден месец. Околу една недела цртање скици со молив - над 100 мечки, го однесовме во Олимпискиот комитет. По еден месец мојата сопруга го сретнала мојот пријател на улицата. Го прашала „Зошто си толку тажен?“. Тој ѝ одговорил „Само што сознав дека моето мече не е избрано, а на Виктор го избрале“.

Виктор Чижиков. Извор: Вјачеслав Ун Да-син/TАССВиктор Чижиков. Извор: Вјачеслав Ун Да-син/TАСС

Ја избраа Вашата скица. А, потоа имаше ли некои посебни упатства од Комунистичката партија за нејзина корекција?

В.Ч .: Требаше да нацртам мечка, која не требаше да личи на ниту една од илјадниците насликани од уметниците. Тоа беше тешка задача пред која бев исправен. Не требаше да се дозволи нашата земја да биде обвинета за плагијат. И Мишка, фала Богу, го мина овој испит.

Вашиот Мишка е многу различен од Мишка онаков каков што го претставуваше пред светот странскиот печат.

В.Ч .: Руската мечка често се користеше во политичката карикатура. Тоа беше една непотребна, бесрамна мечка. Сакав да создадам оптимистичка слика која ќе предизвикува најдобри човечки емоции. Долго не успевав да го предадам олимпискиот дух на Мишка. Отпрвин мислев да му ставам разнобојна капа, каде што секое одделно парче ткаенина да е со бојата на знамето на земјите-учеснички во Олимпијадата. Но, од капата не се гледаа неговите уши. Да му закачам медал? Но, со медали блескаа сите маскоти. Бивер во Канада исто така беше со медал.

Извор: Семјон Мајстерман и Николај Науменков /ТАССИзвор: Семјон Мајстерман и Николај Науменков /ТАСС

Велеа дека сум го нацртал Мишка според соседот - композиторот Валериј Зубков. Не се расправав, тој е добар човек. Всушност Мишка со олимпискиот појас ми се јави насон. Ова ми се случува често кога работам над даден лик. Важно е веднаш откако го сонуваш, да го нацрташ, бидејќи потоа ќе го заборавиш.

Во август 1977 година во Москва се одржа изложба на која беа претставени 64 мечиња. Дојде и претседателот на Меѓународниот олимписки комитет лорд Мајкл Киланин. Тој гледал, гледал и одеднаш застанал точно пред мојата работа и рече: „Тоа е тој!“ Ова ми го раскажа еден новинар.

Од Олимпискиот комитет ми се јавија дури по месец - можеби чекале одобрение од партијата. „Ви честитаме, Вашиот мечок е одобрен“. И тоа е биографијата на мечокот. Секако, тоа ме чинеше многу нерви.

Имате ли намера да ги оформите авторските права?

В.Ч .: Правнo ништо не беше оформено. Ми предложија да потпишат документ дека сум ја исполнил работата под назив „Забавно мече“.

Ми дадоа 1300 рубли од касата на Олимпискиот комитет и уште некакви пари на штедената книшка. Вкупно добив околу 2.000 рубли (просечната плата во СССР во 1980 година беше 120 рубли - заб. ред.). Среќната амајлија презеде врз себе 90% од олимписката пропаганда. Тоа, сепак, не е најважно. По Олимпијадата во 1980 година односот кон нас во светот се подобри извонредно и не мала улога за тоа одигра Мишка. Ми беше дадена необична мисија и ја завршив работата добро. Тоа беше ретка среќа. Го сакав како свое дете. И многу сум благодарен на режисерот на Олимпијадата во 1980 година Туманов за доброто претставување на мечето на трибините. Се сеќавате ли како му потече солза? Сличноста не беше изменета, што не може да се каже за гумениот Мишка кој полета од стадионот. Јас би дал сосема поинакви пропорции.

Потоа ликот на Мишка беше рекламиран низ целиот свет. Не се зачудив кога го гледав во различна облека. На пример, во вид на шишенце од парфем. Или пак на кутија од кибрит. И во Прага мојот Мишка го рекламира Музејот на комунизмот. Притоа е прикажан на плакат со автомат Калашников. Иако во очите на мојот Мишка има надеж за мир.

Статијата се објавува во скратена верзија

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња