Путин пред најголем предизвик досега

Владимир Путин претседава со седницата на Советот за безбедност на Руската Федерација. Извор: ИТАР-ТАСС

Владимир Путин претседава со седницата на Советот за безбедност на Руската Федерација. Извор: ИТАР-ТАСС

Фјодор Лукјанов, претседател на Советот за надворешна и одбранбена политика, во интервју за Russia Direct ги толкува најважните моменти од обраќањето на Путин во Советот за безбедност на РФ на 22 јули. Претседателот на РФ тогаш изјави дека Русија „не гледа директни надворешни закани“, но и дека „адекватно“ и „симетрично“ ќе одговори на зајакнатото присуство на НАТО во Источна Европа.

Рускиот претседател Владимир Путин на 22 јули, неколку дена по падот на малезискиот Боинг 777 на истокот од Украина, на седница на Советот за безбедност на Руската Федерација зборуваше за прашањата на суверенитетот и на територијалниот интегритет на Русија. Рече дека не гледа директна надворешна опасност за земјата и потврди дека Русија на адекватен начин ќе одговори на јакнењето на присуството на силите на НАТО во Источна Европа и дека ќе ја зголеми својата одбранбена способност, меѓу другото и на Крим. 

Russia Direct: Кому првенствено му се обрати Путин: на Русија или на Западот?

Што ќе се смени по падот на Боингот?
Трагедијата со патничкиот авион Боинг 777, која со себе ги однесе животите на 298 лица, сериозно го измени текот на политичката игра околу Украина. Ги замоливме водечките руски стручњаци да оценат на кој начин е изменета ситуацијата по настаните од 17 јули и како сега ќе се развиваат односите помеѓу Русија, САД и ЕУ.

Фјодор Лукјанов: Путин им се обрати на обете страни, но во моментов е поважна неговата порака до Западот. Рускиот претседател настојува јасно да ги истакне своите ставови за да покаже дека Русија не сака зголемување на напнатоста, а исто така и политичка или психолошка ескалација на судирот [со Западот и со Украина]. Доколку Западот покаже добра волја и флексибилност, и Русија ќе биде подготвена да биде флексибилна и самата да покаже разбирање. Тоа не е кажано директно, но може да се заклучи од тонот на неговото обраќање. 

Путин изјави дека Русија ќе ја зголеми својата одбранбена способност и дека ќе одговори „адекватно“ и „симетрично“ на зајакнатото присуство на НАТО во Источна Европа. Дали ваквиот став е противречен со неговата изјава дека Русија „не гледа директни надворешни закани“?

Во вакви ситуации еден државник не дава еднозначни изјави. Путин вели дека нема директни закани. Но, тоа не значи дека не постојат индиректни или потенцијални закани. Значи, јакнењето на одбранбената способност и најавата за адекватен одговор се однесуваат на хипотетички закани. Една работа е да се подготвуваш за ваков вид закана, а сосема друга е да се соочиш со директна опасност и да мораш веднаш да реагираш. 

Се сложувате ли со мислењето на некои западни коментатори за тоа дека Путин е „сериозно исплашен“?

Не. Не верувам во тврдењето дека е исплашен. Би рекол дека Путин е едноставно пред најголемиот предизвик откако стана претседател на државата. Со активното учество во решавањето на украинската криза од февруари и од март Русија врз себе презеде огромен ризик во големата стратешка игра која започна со присоединувањето на Крим, а продолжи со настаните што следуваат. Сега гледаме како се одвива оваа игра – имаме сериозни ривали кои исто така вешто повлекуваат потези. Како човек што е одговорен за водењето на оваа игра и за донесувањето важни одлуки, Путин се наоѓа во мошне неповолна позиција, зашто е изложен на најголем можен надворешен притисок – психолошки, економски, политички – а притоа нема сојузници кои безрезервно би застанале на негова страна. 

Крај на „седењето на повеќе столови“
Територијата на поранешниот Советски Сојуз влезе во нова фаза на самоопределување. Потпишувањето спогодба за основање на Евроазиската економска унија, настаните во Украина предизвикани од конфликтот поради спогодбата за придружување кон ЕУ, конечното потпишување на овој договор меѓу Европската Унија и Молдавија, Грузија и веќе споменатата Украина, немирите во Абхазија – сето тоа се делови од мозаикот што ја сочинуваат новонастанатата геополитичка ситуација. Што може сега да се каже за геополитиката на територијата на поранешната советска суперсила?

Значи, тој не е исплашен, туку се најде во мошне сложена ситуација. Тој истовремено мора да настапува трезвено во односот со Западот за да не предизвика уште поголема изолација на Русија, но и да ги задоволи очекувањата [по присоединувањето на Крим] на оној дел од руската јавност, кој е значаен и влијателен, а кој бара поддршка на сонародниците [во источна Украина]. Според тоа, Путин се обидува да балансира помеѓу овие две страни. 

Дали тој ќе може да влијае на проруските сили во источна Украина? 

Верувам дека може да влијае на нив. Сепак, не постои основа за мислење дека тоа може во целост да го направи. Сите тамошни [во источна Украина] случувања се хаотични и нивниот понатамошен тек не може со сигурност да се предвиди „Политичкото влијание“ е всушност еуфемизам. Западот бара од Русија една конкретна работа, а тоа е да се спречи испораката на помош од својата територија. 

Доколку би се случило такво нешто украинската војска за кратко време би ги поразила проруските сили. Тоа е она што Западот сака да го постигне. За Путин ваквиот расплет е неповолен и опасен, зашто во тој случај ризикува да ја изгуби поддршката на проруските борци во источна Украина, како и на граѓаните од Русија што го поддржуваат – тие тоа би го доживеале како предавство. Затоа, повторувам, ова е мошне чувствителна позиција. 

За време на своето обраќање Путин рече дека Русија својата економија мора да ја заштити од ризици – од политичките или од оние што доаѓаат однадвор. Според Вас, на кои економски мерки мислеше? 

Мислам дека мислеше на пакетот мерки што треба да придонесат за подобра одржливост на економскиот модел на земјата. Тоа може да биде замена на увозот со домашно производство или засновување на трговски односи со нови партнери. Овие чекори во секој случај се потребни, без оглед на санкциите. Не постои друг начин за подобрување на економскиот биланс, зашто Русија не поседува ресурси со кои би спречила некого да ја следи политиката на САД. 

На Запад исто така се зборува за „вината“ на Русија во Украина и за потребата Путин да ја „признае“... 

Не. Признавање вина не доаѓа превид. Путин не настапува во свое име, тој се наоѓа на чело на Русија. Владите главно ретко и неволно признаваат вина. На тоа се принудени кога ќе доживеат воен пораз (како Германија и Јапонија во Втората светска војна, иако Јапонија не ја призна во целост својата вина), или тоа го прават по долг период и со многу размислувања. 

Russia Direct е меѓународен аналитички медиумски портал посветен на прашањата за надворешната политика. Анализите на авторите на порталот се достапни исклучиво за регистрирани корисници. Можете да се најавите тука.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња