САД: Над 70% од руските напади се насочени против терористите во Сирија

Портпаролот на силите на САД кои учествуваат во операцијата во Ирак и Сирија, полковник Стив Ворен изјави дека поголемиот број од нападите во Сирија Русија ги нанесува врз терористите, а не врз опозицијата.

Ворен изјави дека на самиот почеток на руската операција в Сирија „80% од нивните напади беа врз опозицијата“, пишува „Взгљад“.

„Од моментот на прекин на борбените дејствија видовме промени. Од една страна, Русите навистина нанесуваат удари врз ИДИЛ. Пред околу една недела, според нашите проценки, реално преку 70% од нивните удари беа насочени против ИДИЛ“, изјави Ворен, истакнувајќи дека ги нема последните податоци.

 „Русите удираа врз ИДИЛ и често врз „Ан-Нусра“, додаде полковникот.

Притоа тој изрази загриженост поради „вкупниот пораст на нарушувања на режимот на прекин на огнот“. Според зборовите на Ворен, сириските владини сили често се судираат со „други сили“.

„Така што тоа е поводот за нашата загриженост. Како што знаете, ние неколку пати ги повикувавме Русите да го искористат своето влијание врз сирискиот режим за да го прекинат тоа“, потсети американскиот полковник.

Портпаролот на Стејт департментот на САД Џон Кирби исто така изјави дека „сирискиот режим продолжува да ја атакува опозицијата во реонот на Алепо. И тоа предизвикува загриженост“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња