За правото на заштита

Карикатура: Сергеј Јолкин

Карикатура: Сергеј Јолкин

Едногласната одлука на членовите на Советот на Федерацијата да ги поддржат предлогот на Владимир Путин за можноста за примена на вооружените сили на РФ на територијата на Украина засега претставува само предупредување за оние кои на Запад ги влечат конците на киевските настани.

Едногласната одлука на членовите на Советот на Федерацијата да го поддржат предлогот на Владимир Путин за можноста за примена на вооружените сили на РФ на територијата на Украина додека во земјата не се нормализира општествено-политичката ситуација со радост беше дочекана во Русија и во источниот дел на Украина. Оваа одлука, сепак, не подразбира задолжително, неотповикливо и итни испраќање на нашите трупи во Украина.

Зачуденост е единственото чувство што го предизвикува најновата изјава на државниот секретар на САД Кери, во која тој се заканува со воведување економски санкции. Отсуството на нашиот гас и на нашата нафта во истиот момент би предизвикало колапс во економиите на европските држави.

Ако сакате, ова е засега само предупредување, а е упатено и на оние кои на Запад ги влечат конците на киевските настани, и уше повеќе на самозванците кои во Киев дојдоа на власт по пат на државен удар. 

Примената на сила за Русија е најнепосакувано сценарио, исто како и донесувањето на такви одлуки. Но, во ситуација кога постои реална опасност по животот на жителите кои зборуваат на руски ние не можеме да си дозволиме да седиме со скрстени раце и да набљудуваме како некој ги убива и осакатува руските државјани и нашите поранешни сонародници. 

Треба да се каже дека Русија во овој случај дејствува во правните рамки, за разлика од нашите европски и прекуокеански партнери кои со сета сила ја поддржуваат нелегитимната и противуставна власт во Киев. Токму поради тоа реакцијата на Запад и покрај сето нивно незадоволство од нашите потези се сведува на усна критика и уценување со неучество на определени држави на претстојниот самит на Г-8.

Зачуденост е единственото чувство што го предизвикува најновата изјава на државниот секретар на САД Кери, во која тој се заканува со воведување економски санкции. Да го земеме предвид само фактот дека рускиот пазар им е многу попотребен на земјите од Западот одошто нам ни е потребен увоз на нивната стока, а да не зборуваме за тоа како отсуството на нашиот гас и на нашата нафта во истиот момент би предизвикало колапс во економиите на европските држави. Покренувањето на украинската армија (и тоа, судејќи според сè, на само дел од неа) во борбена готовност, а исто така и на „редовите на доброволци“ пред воените отсеци не треба да се доживува како некаков Армагедон, па дури ни како очигледно заострување на ситуацијата. И едното и другото во голема мера е само обично фалбаџиство, односно пропаганда која служи за внатрешна и за надворешна употреба. 

Очигледно е дека меѓу луѓето кои во последниве месеци со оружје в рака воведуваа демократија на улиците на Киев ќе се најдат и такви кои сакаат да војуваат за своите идеали, но исто така е очигледно дека огромно мнозинство Украинци немаат намера да се впуштат во каква било војна. 

Западниот естаблишмент и „револуционерите“ во Киев и самите одлично сфаќаат дека во овој момент тие не се во состојба да почнат активни воени дејствија. Позицијата на Русија, напротив, делува многу посупериорно. 

Ние не се подготвуваме да освојуваме, ниту некому да му го одземеме суверенитетот или нешто слично. Сите наши евентуални дејствија се сведуваат исклучиво на заштита, а тоа е право кое го имаат и кое често го користат сите моќни држави во светот. 

Различни беа реакциите во европските земји и во САД на политиката на Русија кон Украина. Секако, присутна е острата реторика на определени политичари, па и на шефови на држави. Но, многу политички елити на Стариот и на Новиот Свет не го делат тоа мислење. 

И покрај тоа што информациската и дипломатската конфронтација веројатно ќе потрае, не може да стане збор за никаква изолација на Русија (секако, доколку не се случи нешто сосема несекојдневно), и тоа не само од економски, туку и од политички причини. Ние не сме мала африканска земја чиј став може да се игнорира. На наша страна се вистината, народната поддршка и сојузниците, а исто така (патем речено) армијата и морнарицата. 

Антон Хашченко е политички аналитичар.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња