Кој универзитет е најстариот во Русија?

Образование
ЈУЛИЈА ХАКИМОВА
За оваа титула се натпреваруваат два универзитети - Московскиот државен универзитет (МГУ) и Санктпетербуршкиот државен универзитет (СПбГУ).

Московскиот државен универзитет е основан во 1755 година со указ на царицата Елисавета Петровна и оттогаш работи непрекинато.

Од друга страна, во постоењето на Санктпетербуршкиот државен универзитет имаше многу перипетии.

- Во 1724 година, Петар I издал указ за основање на Петербуршката (Императорска) академија на науките, а при академијата и на Академски универзитет и гимназија. На крајот на XVIII век Академскиот универзитет бил укинат, а гимназијата работела до 1803 година.

- Во 1804 година во престолнината бил основан Главниот педагошки институт, кој повеќе не бил дел од Академијата на науките.

- Во 1819 година Александар I го одобрил нацртот за основање на Санктпетербуршкиот универзитет врз основа на реорганизираниот Педагошки универзитет. Во 1821 година универзитетот ја добил титулата Императорски универзитет, а во 1830-тите бил сместен во познатата зграда на Дванаесетте колегиуми.

Во 1980-тите универзитетот почнал да ја проучува раната историја на своето основање. За година на основање на универзитетското образование во Санкт Петербург е прогласена 1724 година, а Државниот универзитет во Санкт Петербург ужива статус на наследник на Академскиот универзитет на Петар Велики. Ваквиот став денес се застапува и на државно ниво, не само на универзитетот.

Значи, на 8 февруари 2024 година СПбГУ го слави својот 300-ти роденден, а МГУ во 2025 година ќе го прослави 270-от.