Московскиот државен институт за меѓународни односи (МГИМО) стипендира македонски студенти

Образование
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Еден од најпрестижните универзитети во Русија и во светот - Московскиот државен институт за меѓународни односи (МГИМ) нуди две стипендии за македонски студенти за академската 2021/2022 година.

Московскиот Државен Институт за Меѓународни Односи (МГИМО) при Министерството за надворешни работи на Руската Федерација е подготвен да прими 2 (две) лица од Република Северна Македонија на додипломски студии на Институтот за учебната 2021/2022 година согласно одлуката на Претседателот на Руската Федерација.

Во согласност со Наредбата на Министерството за наука и високо образование на Руската Федерација доставувањето на документите до Комисијата за прием на странски државјани во 2021 година ќе се врши исклучиво во електронска форма.

Сите потребни информации за кандидатите се објавени на сајтот: www.mgimo.ru

Приемните испити на руски и странски јазик за апликантите во 2021 година ќе се одржат дистанционо, по 15 август. Датумите за испити ќе бидат објавени подоцна!

Краен рок за поднесување на документите е 27.04.2021 година.

Документите се доставуваат до Министерството за образование и наука на РСМ, Сектор меѓународна соработка, ул. „Свети Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје, Република С. Македонија.

Повеќе информации може да се добијат на https://mon.gov.mk/content/?id=3753

Прочитајте повеќе: Конкурс за бесплатно студирање во Русија за македонски државјани