Можноста да се стане студент се обезбедува бесплатно во рамките на посебна квота на Владата на Русија.
Странските граѓани можат да аплицираат во електронска форма на веб-страницата на државниот информативен систем „Образование во Руската Федерација за странци“ (ГИС ОРФИ): https://education-in-russia.com
Изборот се одвива во две фази: првата фаза ја спроведува претставништвото на „Россотрудничество“, кое формира листа на кандидати во согласност со квотата доделена за земјата.
Втората фаза ја спроведуваат руските универзитети при разгледување на досиејата на кандидатите. Дополнителни информации, вклучително и список на потребни документи, се достапни на порталот https://education-in-russia.com
За сите технички прашања заинтересираните можат да се обратат на: support@education-in-russia.com
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче