Тимот на Московскиот државен универзитет „Ломоносов“ втора година по ред го освојува првото место на Меѓународната студентска олимпијада во програмирање International Collegiate Programming Contest (ICPC) која штотуку заврши во португалскиот град Порто.
Тимот студенти од МГУ Red Panda победи на меѓународната олимпијада во програмирање ACM ICPC 2019, која се смета за најпрестижното студентско натпреварување во оваа област во светот. Инаку, тимот од „Ломоносов“ втора година по ред го освојува првото место во истиот состав, се наведува во соопштението на Универзитетот.
Во тричлениот тим на Red Panda беа Михаил Ипатов, студент во четврта година и неговите колеги од трета Григориј Резников и Владислав Макеев. За натпреварувањето ги подготвуваше шефицата на Катедрата за информатика на интернет-школата за талентирани деца „Колмогоров“ Елена Андреева. За пет часа тие успеаја да решат десет задачи од вкупно единаесет.
Ректорот на Московскиот државен универзитет Виктор Садовничи им ја честиташе победата на студентите.
„Од свое лично име и од име на колективот на МГУ сакам да ви честитам на триумфалната победа на најпрестижното студентско натпреварување во програмирање. Вие веќе вторпат докажувате дека никој не е подобар од вас во решавање задачи од програмирање. Најискрено се гордееме со вас и сакаме и понатаму да бидете најдобри во светот“, рече Садовничи.
На второ место се најде тимот на Технолошкиот универзитет од Масачусетс, на трето академците од Универзитетот во Токио, а на четвртото студентите од Варшавскиот универзитет.
ICPC е најстарото, најголемо и најпрестижно натпреварување во спортско програмирање кое се одржува од 1977 година. Во сезоната 2017-2018 во најраните повеќефазни етапи кои му претходеа на финалето се натпреваруваа околу педесет илјади најдобри студенти-програмери од повеќе од три илјади универзитетот од 111 земји.
Правилата, инаку, се многу едноставни. Екипите составени од три члена до 25-годишна возраст имаат на располагање еден компјутер и пет часа време да решат колку што е можно повеќе задачи од програмирање. Победуваат оние кои успеале да решат точно најголем број задачи и имаат најдобро време. Во сезоната има четири турнири, квалификации, субрегионален, регионален натпревар и финале, пренесуваат руските медиуми.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче