Студент од Санкт Петербург петти пат по ред најдобар програмер на светот

Google Code Jam

23-годишниот студент на Универзитетот ИТМО во Санкт Петербург Генадиј Короткевич стана петти пат по ред победник на меѓународниот натпревар во програмирање Google Code Jam.

Како што се наведува во соопштението за медиумите на петербуршкиот државен истражувачки факултет за информациски технологии, механика и оптика, на натпреварот на „Гугл“ никој од учесниците од целиот свет, пред петкратниот шампион Генадиј, не успеал да постигне подобар резултат од двократна победа.

Натпреварувањето Google Code Jam се одржува од 2003, а оваа година учествуваа повеќе од 60 илјади натпреварувачи. На финалниот натпревар во Торонто Короткевич освои 104 поени и така се најде пред конкурентите од Полска и Јапонија. На победникот му припадна и паричниот дел од наградата од 15 илјади долари. Финалистите, инаку, според пропозициите, мораа да решат пет алгоритамски задачи за четири часа.

„Се најдов меѓу малобројните натпреварувачи кои ја решаваа задачата Two-Tiling. Тоа е замрсена задача на полиомино поплочување која има некои сличности со Тетрисот. Потрошив многу време, околу час и половина, и макар што решението на оваа задача не носеше многу поени, токму тоа ми ја донесе победата“, рече Короткевич.

Младиот програмер кој се наоѓа на постдипломски студии положи еден од испитите на факултет токму дистанционо, од Канада, и тоа со највисока оцена. Короткевич во мај оваа година забележа уште една петкратна победа на меѓународниот натпревар по програмирање «Јандекс.Алгоритам». Во едно интервју тој изјави дека повеќе пати го барале од „Гугл“, но нему засега не му е потребна работа.

Прочитајте повеќе: Зарем Русите се навистина толку моќни програмери?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња