Ранг-листата ја состави британскиот портал Vouchercloud кој помага околу заштеди во купувањето.
Русија го зазеде шестото место на листата на 25 најпаметни земји на светот составена од порталот Vouchercloud. На првото место се најде Јапонија, на второто е Швајцарска, на третото е Кина, а во првите пет влегоа и САД и Холандија.
Заклучоците на истражувачите се базираат на три фактори: број на добитници на Нобелова награда, нивото на просечниот коефициент на интелигенција на населението и успехот на училиште. Кога станува збор за добитници на Нобеловата награда, Русија се најде на осмото место, додека според успехот во училиште го зазеде шестото место.
Кога станува збор за коефициентот на интелигенција, Русите се најдоа на 32 место. Јапонија и Швајцарија заземаат високи места во поглед на сите три критериуми. Кина се наоѓа на третото место благодарение на показателите за коефициент на интелигенција (второ место), а Американците го држат четвртото место поради најголемиот број добитници на Нобеловата награда.
Во составувањето на листата особено внимание им е посветувано на земјите од Источна Азија, меѓутоа Јужна Кореја, Тајван и Сингапур не успеаја да ги заземат водечките позиции само поради показателите за добитници на Нобеловата награда, односно поради нивниот мал број. Новинарот на „Форбс“ Данкан Маден верува дека ситуацијата наскоро ќе се промени и дека тие земји ќе се најдат на врвот на листата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче