Менделеев и Периодниот систем на елементите

Образование
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, како и секој петок, повторно нуди едно интересно предавање. Овој пат станува збор за Менделеев и за тоа како тој го создал Периодниот систем на елементите.

Предавач ќе биде професорот од Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет и актуелен проректор за наука Владимир Петрушевски, кој има дадено и свој придонес при уточнувањето на класификацијата на водородот во Периодниот систем на елементите на Менделеев.

Предавањето „Дмитриј Иванович Менделеев и Периодниот систем на елементи“ започнува во 19 часот во Рускиот центар при УКИМ, на булевар Митрополит Теодосиј Гологанов 28, а влезот е слободен за сите заинтересирани.

Прочитајте повеќе: Како Менделеев летал со балон