
Михаил Озерски / Sputnik
Пред револуцијата од 1917 година во целата руска империја со нејзиното бројно население имало само десетина неколку десетина градинки. Сè се промени кардинално кога болшевиците ја презедоа власта и почнаа во реалност да ги спроведуваат своите слогани кои се однесуваат на еднаквоста на жените и нивната активна вклученост во сите облици на општествениот живот. Тоа доведе до развој на мрежа на предучилишни установи.

Анатолиј Седељников / TASS
Основачот на советската држава Владимир Ленин градинките и јаслите ги нарекувал „фиданки на комунизмот“. Според него, овие установи „би можеле всушност да ги ослободат жените и во реалност да ја намалат и да ја отстранат нивната нееднаквост со мажите, така што ќе ја унапреди нивната улога во општественото производство и во општествениот живот“.
Јанис Круминш / TASS
Од средината на дваесеттите години од 20 век мрежата на градинки почна да се појавува не само во градовите, ами и во селата. До 1941 година 2 милиони советски момчиња и девојчиња оделе во градинка и во јасли. За 30 години овој број достигна 12 милиони.
Житлухин / TASS
Во 1959 година е воведен нов систем кој ги поврзал градинките и јаслите во едноставен систем. Така државата ја презела грижата за децата на возраст од два месеци до 7 години и поаѓањето на училиште.
Sputnik
До болшевичката револуција нивото на описменетост во руската империја било неверојатно ниско. Кон крајот на 19 век само 21% од населението на земјата било писмено. Затоа советската власт ја започнала кампањата Ликбез (ливидација на неписменоста), па земјата беше преплавена од специјални канцеларии. Но, до 1926 година биле описменети само милион луѓе.
Фотографија од архива
До 1939 веќе 40 милиони неписмени ги имаат совладано основите на читање преку образовната програма на Ликбез. Но, пресвртот всушност настапил веќе во 1930 година кога во Советскиот Сојуз било воведено задолжително основно образование. До раните четриесетти години од минатиот век проблемот на неписменоста бил главно решен.
Михаил Озерски / Sputnik
Но, според сведочењето на луѓето од тоа време, училиштата имале тешкотии да ги примат сите ученици откако е воведено задолжителното основно образование. Децата оделе на училиште во три смени. Најмладите започнувале со часови во 8 и завршувале напладне, потоа доаѓале постарите ученици, а од 6 попладне до 10 или до 11 навечер на настава оделе најстарите.
TASS
Првите децении од постоењето на СССР биле време на големи експерименти во образованието. Еден од нив се однесувал на историјата. Нејзе ѝ бил ускратен статусот на посебна дисциплина. За историските настани се учело спорадично во рамките на другите општествени науки. Дури во 1934 година историјата беше „реахбилитирана“ и вратена во училиштата.
Александар Шогин / TASS
Големата татковинска војна неповолно влијаеше на целокупната образовна инфраструктура. Потребни биле години за да се надополни штетата која ја нанела инвазијата на Хитлер. Властите направиле голем напор за подигање на нивото на наставата во средните училишта. Поголемо внимание се обрнувало на поединечниот резултат, а за наставниците се воведени бенифиции.
Дмитриј Чернов / Sputnik
За време на студената војна и на интензивниот технолошки напредок советската држава сè поголемо внимание посветувала на егзактните науки, односно на математиката. Велат дека вистинскиот процут на математиката во Советскиот Сојуз се случил во педесеттите години од минатиот век. Биле основани специјални математички школи. Во нив се школувале оние научници кои подоцна ќе ѝ донесат големи успеси на советската космичка програма.
Виталиј Карпов / Sputnik
Освен редовното образование во училиштата, во Советскиот Сојуз постоела цела мрежа специјални клубови во кои учениците оделе бесплатно и каде можеле да учат различни величини: од правење фотографии до конструирање авиони.
Михаил Потирнике
Тешко е да се зборува за советското образование, а да не се споменат пионерите, своетска верзија на скаути или на извидници. Иако нивните активности имале извесна идеолошка обоеност, пионерите всушност биле вклучени во различни видови волонтерски активности, како што се собирање стара хартија или метал за рециклирање. Тие исто така стекнувале искуство во давање прва помош и помош на стари лица.
Виталиј Карпов / Sputnik
Советскиот Сојуз исто така многу вложувал во развој на високото образование. Веднаш по револуцијата, болшевиците основале голем број универзитети. Уште поголем број факултетски установи се основани во текот на триесеттите години од минатиот век кога за масовната програма за индустријализација бил потребен голем број нови стручњаци, Подоцна, почнувајќи од педесеттите години од минатиот век, дошло до нов бран основање високообразовни установи. До 1975 година во Советскиот Сојуз на факултетите имало речиси 5 милиони студенти.
Петар Носов / TASS
Некои од нив биле странци од земјите во развој кои биле во пријателски односи со СССР. Во 1960 година советската власт го основала Универзитетот на дружба на народите. Целта била на младите од Латинска Америка, Азија и Африка, особено на оние со понизок социјален статус да им се даде можност да се стекнат со квалитетно образование.
Лизунов / TASS
Стекнувањето на високо образование во Советскиот Сојуз не било поврзано само со усвојување нови знаења, ами често подразбирало и извесна физичка работа. Имено, за време на летните распусти студентите формирале таканаречени студентски градежни бригади кои учествувале во градежни проекти важни за советската економија. Намерата била на студентите да им се даде можност да стекнат работна етика и почитување кон физичката работа.