Медиуми: Могерини не гледа во Русија опасност за ЕУ

Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини исто така истакна дека „никогаш не би рекла дека САД претставуваат закана за Европа“.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини не гледа закана за Европа од руска страна, но некои политички одлуки на Русија можат да предизвикаат проблеми, изјави таа во интервју за италијанска „Ла Стампа“.

„Сигурна сум дека можеме да работиме со Русија во разни насоки, како што тоа го правиме, на пример, во Сирија и на Блискиот Исток. Некои политички решенија можат да предизвикаат проблеми. Но, во целина, одново гледам повеќе можности“, изјави Могерини, одговарајќи а прашањето дали смета дека од „руската експанзија“ доаѓа закана.

Според неа, таа „никогаш не би рекла дека САД претставуваат закана за Европа“. „Тоа никогаш нема да се случи“, изрази увереност Могерини, одговарајќи на прашањето за ризиците од политиката на протекционизам на новата американска администрација, пренесува ТАСС.

 


 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња