Песков: прерано е да се зборува за „ресетирање“ на односите меѓу РФ и САД

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека обидите да се утврди векторот на развој на руско-американските односи се премногу рани.

„Сега е прерано да се зборува за тоа. Вие знаете дека ќе се договара средба. Засега не е јасно каде и кога може да се одржи, нема никаков договор околу ова прашање. Знаете дека претстои средба на министерот за надворешни работи и државниот секретар на САД во блиска иднина“, изјави Песков за можното „ресетирање“ на американско-руските односи по изборот на Доналд Трамп за претседател на САД, пренесува „Газета.ру“.

Тој исто така истакна дека сѐ додека тимот на Трамп не биде целосно формиран, не е можно да се утврди векторот на развој во дијалогот на Москва и Вашингтон.

Претходно Песков изјави дека Кремљ ја смета оставката на советникот на претседателот на САД за национална безбедност Мајкл Флин за внатрешна работа на САД.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.