За смртта на голманот, трикратен шампион на СССР Виктор Чанов, соопштија неговите роднини, пренесува Р-Спорт. Причината за смртта не е позната.
Сепак постои информација дека на 20 јануари поранешниот фудбалер бил нападнат во околината на Киев. „Спорт-Експрес“ пренесува дека неидентификувани лица го запреле неговиот автомобил и го претепале. Чанов се здобил со повреди во главата и веќе наредниот ден бил опериран.
Виктор Чанов од 1978 до 1981 година настапуваше за донецки „Шахтјор“, а во периодот од 1982-1990 за киевски „Динамо“ со кој стана и трикратен шампион на СССР и освојувач на Купот на куповите. Потоа пет години играше во „Макаби“, а по завршувањето на кариерата стана тренер. Имаше 21 настап за репрезентацијата на Советскиот Сојуз, беше избран за најдобар голман на репрезентацијата и освои сребро на Европското фудбалско првенство 1988 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче