Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу изјави во средата дека Анкара има информации за поврзаноста на убиецот на рускиот амбасадор со организацијата на проповедникот Фетулах Ѓулен, соопштува турската агенција „Анадолу“.
„Информациите и документите што ги имаме на располагање ни велат дека убиецот бил поврзан со терористите на Фетулах Ѓулен“, изјави Чавушоглу.
Претходно претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека врските на терористот, кој го уби рускиот амбасадор во Анкара, укажуваат на тоа дека тој ѝ припаѓа на организацијата на опозицискиот исламски проповедник Ѓулен (FETO).
Турските власти го обвинија Ѓулен за вмешаност во обидот за државен удар во земјата на 16 јули 2016, и побараа од САД негова екстрадиција, пишува РИА „Новости“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче