Претседателот на САД Барак Обама го потпиша указот за нови санкции против Русија, соопштува Белата куќа.
Како што изјавија од американското Министерство за финансии, ограничувањата се однесуваат на шест физички лица и пет руски организации, вклучувајќи ја и Федералната служба за безбедност на Русија.
На списокот се најдоа раководителот на ГРУ на Генералштабот на ВС РФ Игор Коробов и тројца негови заменици.
Новите санкции против Русија беа воведени по „многубројните приватни и јавни предупредувања“, ги цитира зборовите а Обама агенцијата „Ројтерс“.
Агенцијата исто така соопштува дека властите на САД ќе протераат од земјата 35 руски дипломати. Според информациите на агенцијата, дипломатите ги обвинуваат за прекршување на дипломатската работа.
Се соопштува дека Русите ќе бидат протерани од Вашингтон и Сан Франциско во текот на наредните 72 часа.
Покрај тоа, по наредба на американските власти ќе бидат затворени дипломатските претставништва на Русија во Мериленд и Њујорк, кои наводно се користени за разузнавачки цели, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче