Путин: Русија е посилна од секој агресор

Никој не спори со САД во однос на моќта на нејзините вооружени сили, меѓутоа Русија е посилна од секој агресор, потенцираше претседателот на Русија Владимир Путин во текот на годишната прес-конференција.

Путин истакна дека новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп не кажа ништо изненадувачко кога зборуваше за зајакнување на нуклеарниот потенцијал.

„Искрено кажано, ме изненадува што други официјални лица на сегашната администрација почнаа да докажуваат дека вооружените сили на САД се најсилни. Никој не спори за тоа“, истакна претседателот на РФ, одговарајќи на прашање на новинар на „Вол Стрит Џурнал“.

„Вчера кажав дека Руската Федерација е посилна од секој агресор. Тоа не беше случајно и обрнете внимание: агресор е оној кој може да ја нападне Русија“, изјави Путин, додавајќи дека Русија направила многу голема работа за модернизација на руските вооружени сили.

„Ова се однесува и на поморската, и на авијациската компонента. И за носителите, и за ударните системи. Но ние дејствуваме во строга согласност со нашите основни договори, меѓу другото и со договорот СТАРТ 3“, истакна рускиот претседател.

„Зошто тие почнаа да изјавуваат дека се најсилни и најмоќни? Да, со тоа никој и не спори. Ние само велиме дека сме посилни од секој агресор“, повтори Путин, пренесува „Взгљад“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња