Ваквото мислење Кирби го даде во текот на брифингот за новинарите.
„Сметам дека професионализмот, вештините и капацитетите кои се својствени за Вооружените сили на САД се надвор од сите спорови и дебати. И Америка има целосно право да се гордее со мажите и жените кои носат униформа и ги штитат нејзините интереси ширум светот“, истакна Кирби, пренесува „Лента.ру“.
„И мислам – сигурен сум дека моите колеги од Министерството за одбрана би го кажале истото“, додаде Кирби, кој самиот претходно има работено како портпарол на Пентагон.
На прашањето дали го зголемуваат „воениот статус“ на Русија нејзините операции во Украина и Сирија, Кирби изјави дека не мисли така. „Не мислам дека во целата историјана човештвото имало такви вооружени сили – борбено способни, интелектуални, моќни, со компетентно раководство и добра опрема како што имаат САД денеска“, потенцираше тој.
В четвртокот, 22 декември, на состанокот во проширен состав на Министерството за одбрана на Русија Путин изјави за воената надмоќ на Русија. Претседателот на РФ истакна дека земјата не смее „да си дозволи ниту едно суштински дефект во модернизацијата на армијата и флотата, во обуката на силите“. Во спротивен случај, според него, „ситуацијата може многу брзо да се промени имајќи ја предвид брзината на настаните што се случуваат во светот“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче