Распоредувањето на ракетни системи на Курилските острови нема да влијае на „центрипеталните тенденции“ во односите со Токио, кои се забележуваат сега поради подготовката на посетата на рускиот претседател на Јапонија, изјави портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков, пренесува РБК.
„Препорачувам да го упатите прашањето до нашите колеги во Министерството за одбрана (на РФ). Се разбира, тоа има свои причини“, додаде Песков, одговарајќи на новинарско прашање дали е вистинско време да се распоредуваат ракети на Курилските Острови, имајќи ги предвид преговорите со Јапонија.
Во средата јапонскиот министер за надворешни работи Фумио Кишида изјави дека Јапонија ќе преземе „соодветни“ мерки како одговор на распоредувањето руски ракети на Курилските острови Итуруп и Кунашир. Според јапонскиот министер, со цел да се реши проблемот на распоредување на оружје на Курилските острови, страните „мора цврсто да го решат прашањето на северните територии“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче