Ердоган гледа во ШОС алтернатива на ЕУ

Турција разгледува зачленување во Шангајската организација за соработка наместо во ЕУ, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека Анкара го смета приклучувањето на Шангајската организација за соработка (ШОС) за реална алтернатива на членството во Европската унија, соопштува телевизијата „Абертурк“, пренесува „Лента.ру“.

„Во Европа по Брегзит можат да се случат слични настани и во други земји, во Франција зборуваат за тоа, во Италија. Јас пак велам, зошто Турција да не зафати место во „Шангајската шесторка“?“, изјави шефот на турската држава.

Според него, тој веќе го дискутирал ова прашање со претседателите на Русија и Казахстан, како и со другите членки на ШОС. Ердоган потенцира дека на Турција ќе ѝ биде „многу поудобно“ да работи во составот на организацијата, затоа што Брисел „веќе 53 години го одолговлекува процесот“ за прием на републиката во ЕУ.

На 14 ноември Ердоган изјави дека во 2017 година Турција може да одржи референдум за прашањето за продолжување на преговорите за зачленување во ЕУ. Тој исто така истакна дека е подготвен да го потпише законот за враќање на смртната казна, доколку истиот биде усвоен од парламентот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња