Путин ги повика Индија и Пакистан во Шангајската шесторка

Шефовите на државите-членки на ШОС ги потпишаа документите кои овозможуваат веќе на следниот самит прием на нови членки. Извор: AP

Шефовите на државите-членки на ШОС ги потпишаа документите кои овозможуваат веќе на следниот самит прием на нови членки. Извор: AP

Во текот на 11-12 септември во Душанбе, на самитот на шефовите на државите-членки на Шангајската организација за соработка (ШОС – Русија, Кина, Казахстан, Киргизија, Таџикистан и Узбекистан) ги потпишаа документите кои овозможуваат веќе на следниот самит, кој ќе се одржи во 2015 година во Уфа (Русија), прием на нови членки. Нови членки, најверојатно, ќе станат Индија и Пакистан.

Се очекуваше дека самитот на ШОС во Душанбе ќе се покаже како историски. Редица политиколози предвидуваа дека организацијата ќе се пополни со нови членки. Меѓутоа проширувањето беше одложено, а во прв план излезе ситуацијата во Украина.

Членките на ШОС фактички ја поддржаа руската страна и се заложија за продолжување на преговорите во Украина, - се вели во декларацијата на ШОС. Шангајската шесторка го поздрави договорот за прекин на огнот што беше потпишан во Минск и ја поддржа реализацијата на мировната иницијатива на претседателот на Русија.

Сложениот состав на учесниците, каде Кина доминира економски, Русија има висок степен на политичко влијание, Узбекистан и Казахастан располагаат со релативно висока самостојност, а Киргизија и Таџикистан дејствуваат „според тоа како ќе дувне ветерот“, пречи да се носат ефикасни решенија. 

Александар Књазев

експертот за Централна Азија и Блискиот Исток

Како што изјави за руските медиуми помошникот на претседателот на РФ Јуриј Ушаков, проширувањето на алијансата засега е преурането имајќи ја предвид загриженоста поврзана со извесните  разногласија меѓу Индија и Кина, Индија и Пакистан, со санкциите наметнати врз Иран. Овие фактори се способни да ја ослабнат алијансата.

Впрочем, проширувањето не беше заборавено. Русија, која го презеде од Таџикистан претседателствувањето со ШОС смета дека во претстојната година процесот на проширување на оваа организација ќе добие реална форма, изјави претседателот на РФ Владимир Путин.

Помошникот на претседателот Јуриј Ушаков притоа подвлече дека поволна ситуација за проширување на организацијата може да созрее за време на претседателствувањето на Русија со  ШОС. На самитот во Уфа во јули 2015 година статус на полноправни учесници можат да добијат  Индија и Пакистан, што ќе биде главно достигнување во тој период, смета Ушаков. Во Таџикистан пак, како што објасни тој, претседателите го дефинираа „Стандардниот меморандум за обврските со цел добивање на статус држава-членка на ШОС“ и „Процедурата за давање статус на држава-членка на ШОС“.

Важно е следниот планиран самит на ШОС да се одржи и да докаже дека ШОС како организација за меѓурегионална соработка е етаблирана и реално дејствува. 

Алексеј Мартинов

политилог

Меѓу другите приоритети на руското претседателство, според зборовите на Путин, зацврстувањето на улогата на ШОС во обезбедувањето на регионалната безбедност, почетокот на големи мултилатерални економски проекти, продлабочувањето на културните и хуманитарните врски, изнаоѓањето заеднички пристапи кон актуелните регионални и глобални проблеми. До следниот самит ќе се подготвува Стратегијата за развој на ШОС до 2025 года, исто така соопшти шефот на руската држава.

Експертите различно ги оценуваат резулатите од самитот

Експертот за Централна Азија и Средниот Исток, Александар Књазев, коментирајќи го самитот на шефовите на државите на ШОС, изјави за Руска реч на македонски дека во целата своја историја организацијата не демонстрираше особена динамика во развојот. „Сложениот состав на учесниците, каде Кина доминира економски, Русија има висок степен на политичко влијание, Узбекистан и Казахастан располагаат со релативно висока самостојност, а Киргизија и Таџикистан дејствуваат „според тоа како ќе дувне ветерот“, пречи да се носат ефикасни решенија. Бидејќи во ШОС одлуките се носат со консензус, од година во година остануваат нерешени таквите прашања, како на пример, приемот на нови членки. На самитот во Душанбе се обновени документите кои го регулираат приемот на новите членки, но Иран, кој од сите претенденти е најподготвен за членство во организацијата, поради неукинливите санкции, повторно нема да влезе во ШОС. Декларациите за можноста за прием на Индија и Пакистан на самитот во Уфа изгледаат сомнително. И не само поради постојните проблеми меѓу нив. Индија во својата надворешна политика со секоја измината година сѐ повеќе се зближува со САД и западните земји, а Пакистан се претвора во арена за борба за влијание меѓу САД и Кина“, изјави Књазев.

Москва и Техеран ќе си помагаат
Министрите за надворешни работи дискутираа за економијата, санкциите и за Блискиот Исток.

Интересна интрига, според неговото мислење, може да се „случи“ со Монголија: посетите на претседателот на РФ Владимир Путин и претседателот на Кина Си Ѓинпинг на Улан-Батор и тристраната средба на маргините на самитот, освен прашањето за изградба на руско-кинески гасовод преку монголска територија, со сигурност содржеа и повеќе заеднички аспекти поврзани со стратешкиот развој на оваа земја.

Интересна е и средбата на претседателот на Узбекистан Ислам Каримов со иранскиот колега Хасан Рухани, имајќи ја предвид како дамнешната стагнација на билатералните односи, така и планираното последниве месеци заживување на врските. Со оглед  на тоа дека воочи самитот во Душанбе Хасан Рухани беше примен во Астана од Нурсултан Назарбаев, може да се претпостави дека двете водечки држави во централноазискиот регион - Казахстан и Узбекистан, се обидуваат во своја корист да ја искористат „санкциската пауза“ во однос на Иран.

Рускиот политиколог Алексеј Мартинов во интервју за „Руска реч на македонски„ истакна: „Важно е следниот планиран самит на ШОС да се одржи и да докаже дека ШОС како организација за меѓурегионална соработка е етаблирана и реално дејствува“. Според неговото мислење, едно од најважните прашања на самитот во Душанбе стана разгледувањето на прашањето за дедоларизација на економиите на членките на алијансата. „Со активна поддршка на трендот од страна на Русија и Кина тоа е потполно реално. Несомнено, тоа ќе ги иритира САД, исто како што иритира и самиот факт за ефективниот формат на ШОС“, рече Мартинов. Според неговото мислење, друг значаен момент на самитот во Душанбе е едногласната оцена за ситуацијата во Украина – Русија не се најде осамена на линијата на конфронтација со Западот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња