Медиуми: Руската воена флота ќе добие оружје кое го „ослепува“ противникот

Руските разурнувачи ќе бидат опремени со светлосно оружје „Грач“.

Перспективните атомски разурнувачи од проектот „Лидер“ ќе бидат опремени со светлосно оружје, способно да ги „ослепи“ оптичко-електронските инструменти и живата силата на противникот, пишува „Известија“ повикувајќи се на претставник на Министерството за одбрана на Русија.

Станува збор за најновата станица за оптичко-визуелни пречки „Грач“ (Врана). Апаратот, изработен од Обединетата корпорација за производство на прибор, испушта слично на стробоскоп силни светлосни блесоци кои предизвикуваат привремено слепило кај екипажите на хеликоптерите и на авионите. Системот исто така ги исфрла од строј и оптичко-електронските системи на противникот.

„Грач“ се управува со помош на специјално заштитен лаптоп, со чија помош работата на станицата може да се синхронизира со другите бродски системи. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња