Земан: Украина веќе не може да си го врати Крим

Меѓународната заедница се придржува до мислењето дека Украина веќе не може да успее да си го врати Крим, изјави претседателот на Чешка Милош Земан.

„Анексијата означува прекршување на меѓународните спогодби и тоа, несомнено, значи дека спогодбите кои го гарантираат територијалниот интегритет на Украина, беа прекршени“, изјави Земан, пишува „Њујорк Тајмс“.

Притоа чешкиот лидер изјави дека Никита Хрушчов  „направи непростлива глупост“, предавајќи ѝ го Крим на Украина. „Денеска светските политичари признаваат дека Крим не може да ѝ биде вратен на Украина“, изјави претседателот на Чешка.

Уште во 2014 година Земан зборуваше дека Крим е загубен за Украина: „На крајот на краиштата, тој никогаш не ѝ припаѓал на Украина освен периодот кога тогашниот малку чуден лидер на Советскиот Сојуз Никита Хрушчов ѝ го даде како подарок на Украина“.

Покрај тоа, Земан исто така изјави во август дека е време Прага јасно да го искаже својот став во однос на антируските санкции и да им се придружи на земјите кои се залагаат за нивно укинување. Според него, политиката на санкции против Русија ѝ пречи на довербата и претставува двојна загуба, пишува „Взгљад“.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња