Нападите на стратешката авијација на РФ врз позициите на „Исламската држава“ во Сирија беа извршени во рамките на континуираната операцијана Воздушно-космичките сили на Русија, изјави портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков, одговарајќи на прашањето дали бомбардирањето било чин на одмазда за загинувањето на двата пилота на Ми-25.
Претходно беше соопштено дека авиони на руската стратешка авијација бомбардирале голем логор на ИД, складишта за муниција и оклопна техника.
„Продолжува операцијата на ВКС Русија. Сето тоа се реализира во рамките на континуираната операција на ВКС Русија“, изјави Песков, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.