Грушко ја потврди можноста за распоредување „Искандери“ во Калининград

Постојаниот претставник на Русија во НАТО Александар Грушко, коментирајќи ја можноста за распоредување на ракетните системи „Искандер“ во Калининградската област, изјави дека Русија нема никакви ограничувања, но во секој случај треба да се анализира воената ситуација.

„Немаме никакви ограничувања за распоредување на системите. Во секој случај, ќе треба внимателно да ја анализираме воената ситуација и да го дефинираме изборот на најефикасни мерки кои сигурно ќе ја обезбедат нашата безбедност и одбранбената способност“, изјави Грушко, пренесува „Взгљад“.

Претходно тој изјави дека НАТО распоредува во Турција системи за противвоздушна одбрана против непостојна закана за ракетен напад од Сирија.

Покрај тоа,  рускиот амбасадор во Јужна Кореја Александар Тимонин во четвртокот изјави: „На јужнокорејската страна и на нашите американски партнери им е добро позната позицијата на Русија која повеќепати беше истакнувана од нашето раководство. Таа се состои во тоа што за Русија е категорично неприфатливо распоредувањето на противракетните системи THAAD во Јужна Кореја, затоа што сметаме дека тоа претставува директна закана за безбедноста на нашата земја“.

Дипломатот потсети дека американската ПРО е планирано да се распореди под изговор за заштита на Република Кореја од севернокорејската ракетна закана.

„Тие планови предизвикуваат кај нас сериозна загриженоста, затоа што нивната реализација може да има негативни последици за општата ситуација во североисточна Азија. Сметаме дека распоредувањето на елементи на ПРО во Јужна Кореја нема да придонесе за нормализација на ситуацијата во регионот“, додаде Тимонин.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња