По повод референдумот во Велика Британија за тоа дали земјата треба да излезе од составот на ЕУ, меѓународните аналитичари се убедени дека Русија е токму за опцијата „Излегување“. И Владимир Путин мошне рано се претвори во плашило во рацете на оние кои агитираат за опцијата „Останување“, пишува колумнистот на британскиот „Фајненшел Тајмс“ Мери Дежевски.
Сите мислат дека крајната цел на Путин е дестабилизација, па дури и распад на ЕУ, и таквата одлука на една нејзина голема членка значително придонесува за тоа. Во нејзината основа лежат две тези во кои на Западот одамна веруваат: дека намерите на Русија спрема Западот се секогаш недобронамерни и дека ја смета ЕУ за слаба. Но, дали е тоа вистина?“, се прашува авторот.
Можеби Русија би сакала да ја види ЕУ слаба (иако таа „патем речено, ја смета , за експанзионистичка и силна“), но да посакува нејзин распад е сосема друго прашање. За Кремљ одамна е приоритет безбедноста на Русија и регионалната стабилност е еден од условите за тоа. Русите од генерацијата на Путин го преживеаја распадот на Варшавскиот пакт, колапсот на СССР и стравот од можно распаѓање на Руската Федерација. Москва смета дека распад на ЕУ би повлекол со себе последици за цела Европа, и можно е, тоа да се одрази и на Русија.
Русија често ја обвинуваат дека се обидува да ја поткопа ЕУ. Но, заплашувањето на балтичките држави и зближувањето со Грција се само дипломатски маневри за Кремљ и тој ги смета за дозволиви токму поради тоа што не се плаши од последиците од распад на ЕУ. Од практична гледна точка, Русија со одобрување се однесува спрема фактот што ЕУ е безбедна структура и претставува единствена зона за тргување.
Кога над еврото како валута надвисна опасност, Москва беше сериозно загрижена - таа дури и во еден момент предложи финансиска помош за Европската централна банка. Со формирањето на Евроазискиот економски сојуз, Путин сакаше да го повтори успехот на ЕУ. Двата блока требаше да бидат партнери, а не соперници. Но, ЕУ одби да си има работа со ЕАЕС, а потоа почна „натпреварот за Украина“. ЕАЕС денес „се чини, е на умирање, но тоа не значи дека Русија во знак на одмазда сака да удри врз ЕУ“.
Како резултат се поставува едно интересно прашање: ако Русија не е за „Излегување“, тогаш зошто Путин и неговите соработници не се велат ништо? Според британскиот аналитичар, делумно е поради тоа што тие се сигурни: ако кажат било што, ќе бидат „растргнати“ врз основа на тоа што наводно се мешаат во внатрешните работи на Велика Британија. А делумно овде може да има некаква „макијавелистичка“ пресметка: штом Путин во улога на плашило придонесува да гласаат во корист на „Останување“, тогаш нека биде така.
Кремљ се уште не дал знак што би можел да сака повеќе. „Ако случајно налетате на руски дипломат во темен агол, ќе откриете дека тој не е директно непријателски настроен кон излезот на Британија од ЕУ, но дека е длабоко загрижен“. Затоа немојте да бидете толку сигурни дека во ладилникот на Путин има шампањ што го чека излегувањето на Велика Британија од ЕУ, заклучува колумнистот на „Фајненшел Тајмс“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче