Анкета: САД, Украина и Турција главни непријатели на Русија

Русите ги сметаат за свои пријатели Белорусија, Казахстан и Кина.

Русите ги сметаат за главни непријатели на земјата САД, Украина и Турција, покажуваат резултатите од последната анкета на „Левада-центарот“ за односите на граѓаните спрема другите држави, соопштува „Ведомости“.

Најголемо непријателство спрема Русија, според мнозинството руски граѓани (72%), покажуваат Соединетите Американски Држави. На второ место е Украина (48%, иако во 2015 година така сметаа 37% од анкетираните). Третото место го зазема Турција – 29%, при што минатата година така сметаа само 1% руски граѓани).

Главни пријатели на Русија, според руските граѓани, се  Белорусија (50%), Казахстан (39%) и Кина (34%, макар што минатата година така сметаа 43%).   

Мнозинството анкетирани имаат лошо мислење за САД (70%) и Европската унија (62%).

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња