Гари Каспаров, еден од водечките руски опозиционери на форум во Вашингтон го нарече порастот на популарноста на Доналд Трамп во САД „американска верзија на путинизмот”. Ток истакна дека, ако Трамп сепак стане претседател на САД, тоа за Владимир Путин и неговиот „диктаторски режим“ ќе биде најдобрата варијанта, пишува „Политико“.
Во овие избори, според мислењето на Каспаров, од сите страни на политичкиот спектар доаѓаат „напади врз американскиот начин на живот и демократијата“. Опозиционерот вети дека ќе го „спречи јакнењето на путинизмот како во Русија, така и во оваа земја“.
Каспаров е многу загрижен поради тоа што ставовите на двете американски партии се многу спорни. Така приврзаниците на Берни Сандерс сакаат да го обноват социјализмот, но тоа за оние кои пораснале во комунистичка земја звучио „проклетство”.
На другата страна, истакнува Каспаров, се наоѓа Трамп кој се воодушевува од рускиот лидер. Надворешната политика на Трамп е „вистинска катастрофа која само ќе охрабри Путин”. Меѓутоа, Каспаров мошне остро зборуваше и за сегашниот претседател на САД и државниот секретар Џон Кери, кого го нарече „слаб преговарач“ во споредба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. „Се плашам дека кога Кери и Лавров би останале долго во иста соба, Кери би му ја вратил на Лавров Алјаска“, изјави Каспаров.
Кога го прашаа Каспаров за совет како САД можат да му се спротивстават на Путин, тој одговори: „Единственото што може да го искористи Америка е авторитетот на Овалната соба, кој таа сега го нема. На крајот на краиштата, вие не сакате да започнете војна. А со помош на авторитет можете да се заканувате, така да ги исплашите лошите момчиња“. Според Каспаров, важно е Америка повторно да почне да спроведува доследна и авторитетна надворешна политика, пишува „Политико“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче