„Претседателот (на САД Барак Обама) имаше низа можности последниве три-четири месеци цврсто да му каже на претседателот Путин за потребата да се убеди режимот на Асад да ги почитува обврските во контекст на прекин на борбените дејствија и конструктивно да учествува во политичките преговори под раководство на ООН“, изјави Ернест, пренесува „Взгљад“.
„За среќа, претседателот Обама успеа да го убеди претседателот Путин да се вмеша и затоа по неколку недели видовме успешна реализација на прекинот на борбените дејствија за кој многумина беа скептично настроени. Така што претседателот Путин веќе го стори тоа еднаш. Треба да го стори тоа повторно“, додаде портпаролот на Белата куќа.
Од четвртокот во сириската провинција Алепо почна да важи „режимот на тишина“, освен тоа, продолжено е и траењето на „режимот на тишина“ во регионот Источна Гута кај Дамаск и на северот на провинцијата Латакија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче