САД ги условуваат санкциите против Русија со „Минск 2“

Министерот за финансии на САД Џејкоб Лу на средбата со германскиот колега Волфганг Шојбле ја истакна важноста од задржување на санкцискиот притисок врз Русија сѐ до реализација на „Минската спогодба“.

Санкциите против Русија треба да се одржуваат сѐ до целосната реализација на „Минската спогодба“, изјави министерот за финансии на САД Џејкоб Лу на средбата со германскиот колега Волфганг Шојбле.

Двајцата министри се сретнаа на маргините на пролетната сесија на раководните органи на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон, пренесува РИА „Новости“.

„Лу ја истакна важноста од задржување на санкцискиот притисок врз Русија сѐ до целосната реализација на „Минската спогодба“ од нејзина страна“, соопшти Министерството за финансии на САД во саботата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња