Аналитичарите на „Левада-центарот” спроведоа анкета меѓу руските државјани постари од 18 години со цел да утврдат кои се најпопуларните прозни писатели и поети на Русија на сите времиња. Истражувањето е спроведено по пат а интервјуа и во него учествуваа 1600 лица од 137 населени места во 48 региони на земјата.
Меѓу писателите како најзначаен е наведен Лав Толстој. Тој „победи“ со голема предност. Дури 45% испитаници го наведоа неговото име. На второ и трето место се најдоа Фјодор Достоевски и Антон Чехов. Меѓу првите десет не се најде ниту еден современ писател.
Од поетите 58% испитаници го издвоија Александар Пушкин како најголем творец. По него следуваат романтичарот Сергеј Есенин и авторот на „Херој на нашето време“ Михаил Лермонтов. Меѓу првите десет поети исто така не се најде ниеден современик.
Целосните листи со десетте најпопуларни писатели и поети на Русија на сите времиња, според резултатите од истражувањето „Левада-центарт” се следниве:
Писатели: Лав Толстој (45%), Фјодор Достоевски (23%), Антон Чехов (18%), Александар Пушкин (15%), Николај Гогољ (13%), Михаил Шолохов (13%), Михаил Булгаков (11%), Иван Тургенев (9%), Максим Горки (7%) и Михаил Лермонтов (6%).
Поети: Александар Пушкин (58%), Сергеј Есенин (41%), Михаил Лермонтов (32%), Александар Блок (15%), Владимир Мајаковски (14%), Ана Ахматова (12%), Марина Цветаева (9%), Николај Некрасов (8%), Фјодор Тјутчев (6%), Афанасиј Фет (5%).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче