Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини ја повикува Русија безусловно да ја ослободи Украинката Надежда Савченко, која беше осудена за убиство на руски новинари во Донбас на 22 години робија.
„Им се придружуваме на многуте гласови од целиот свет, повикувајќи ги руските власти без одлагање и поставување претходни услови да ја ослободат Надја Савченко поради хуманитарни причини и во рамките на реализацијата на „Пакетот-мерки за имплементација на „Минската спогодба“, според кој постои обврска да се ослободат сите заробени и приведени лица поврзани со конфликтот на истокот на Украина“, се наведува во соопштението на Високиот комесар на ЕУ за надворешна политика и безбедност, пренесува „Взгљад”.
Таа истакна дека тоа се однесува и на други украински државјани кои, според мислењето на ЕУ, се незаконски задржани во Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче