Кремљ ја коментираше можноста за размена на Савченко

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков ја коментираше понудата на украинскиот претседател Порошенко за можна размена меѓу Киев и Москва на Надежда Савченко за двајца руски војници.

Русија ќе дејствува во согласност со законодавството на земјата по прашањето за можноста за размена на државјанинот на Украина Надежда Савченко, соопшти портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков, пренесува „Взгљад“.

„Руската страна ќе дејствува во строга согласност со националното законодавство. Инаку, одлука може да донесе само претседателот. Каква, засега не можам да кажам“, изјави Песков, коментирајќи ги зборовите на украинскиот претседател Петро Порошенко за можна размена на Савченко за двајца државјани на Русија.

Претходно Порошенко изјави дека Киев е подготвен да размени двајца руски војници приведени во Украина за Надежда Савченко.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња