Санкциите против Русија во една или друга форма ќе ги има секогаш и потребно е да се престане да се обрнува внимание на тоа што се кажува на таа тема на Запад, изјави вицепремиерот на Русија Дмитриј Рогозин на седницата на президиумот на државната комисија за развој на Арктикот во Мурманск, пренесува РИА „Новости“.
„Цело време мораме да читаме вести дека ЕУ и САД го разгледуваат прашањето за укинување на санкциите и одеднаш автоматски ги продолжуваат. Мислам дека треба да престанеме да се интересираме за тоа. Треба да престане да нѐ интересира што велат – во Брисел или Вашингтон – во врска со санкциите. Треба да имаме предвид дека секогаш ќе им санкции против нас“, изјави Рогозин.
Според неговото мислење, на овој аспект треба да му се обрне внимание и при реализацијата на државната програма за развој на арктичката зона.
„Кога претседателот Путин ја постави за задача исклучително создавањето на материјална основа на националната самосвест, слободата, независноста на земјата во нејзините надворешни работи, тоа секогаш ќе проследено со отпор на водечките глобални држави против Русија“, рече Рогозин, додавајќи дека „во еден или друг вид санкции ќе има секогаш“, а Русија треба да биде силна и да им се спротивстави.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче