Медиум: Асад се надева да ја спаси Сирија со руска помош за десет години

За десет години претседателот на Сирија Башар Асад се надева да стане спасител на својата земја од терористите.

За десет години претседателот на Сирија Башар Асад се надева да стане оној „кој ќе ја спаси својата земја“, за што раскажа во интервју за шпанскиот дневен весник „Ел Паис“. Притоа сирискиот лидер ја истакна важноста на поддршката која неговата армија ја добива од Русија и Иран.

„По десет години сакам да бидам оној кој успеал да ја спаси Сирија, но тоа не значи дека сѐ уште ќе бидам нејзин претседател“, ги цитира весникот зборовите на Асад кој се наоѓа на власт од 200 година. „Сѐ ќе биде во ред во Сирија, и јас ќе станам оној кој ја спаси својата земја“.

„Доколку (тогаш) народот на Сирија посака да останам на власт, јас ќе останам, а ако не посака – нема да останам“, објасни претседателот.

„Без сомневање, поддршката од Русија и Иран беше неопходна“ за напредувањето на сириската армија, истакна Башар Асад.

„Потребна ни е таа помош поради една едноставна причина: терористите на разни начини ги поддржуваат 80 земји. Некои директно, некои со пари (некои даваат) материјално-техничка поддршка, испорачуваат оружје и војници. Други нудат политичка помош во рамките на различни меѓународни организации“.  
 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња