Според зборовите на францускиот претседател, „Минската спогодба“ претставува единствениот начин за регулирање на конфликтот на истокот на Украина и треба да биде во целост исполнета, пишува „Взгљад“.
Притоа Оланд смета дека е потребно да се забрза нејзината реализација.
„Треба да се движиме побрзо и да го реализираме целиот пакет од „Минската спогодба“, рече Оланд во четвртокот, настапувајќи пред француски и странски дипломати во Париз.
Претходно, на 18 јануари, претставникот на Русија во трилатералната контак-група за решавање на украинскиот конфликт Борис Гризлов изјави дека законот за избори во ДНР и ЛНР треба да биде усогласен со Донбас.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче