Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков го коментираше курсот на рубљата во однос на клучните странски валути. Тој изјави дека промената на курсот не ја смета за колапс и дека Централната банка ја следи ситуацијата.
„Централната банка мошне внимателно ја следи ситуацијата и ја анализира. Затоа не би го употребувал зборот колапс. Курсот навистина се менува, нестабилен е. Но тоа воопшти не претставува колапс, во овој случај нема причина да се смета дека Централната банка нема соодветни сценарија со чија помош би бил избегнат реален колапс“, изјави Песков, а пренесува РИА „Новости“.
Во четвртокот американскиот долар на Московската берза вредеше над 85 рубли. Падот на руската валута беше причинет од драстичното поевтинување на нафтата на светскиот пазар.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче