Премиерот на Турција Ахмет Давутоглу изјави дека не ја дал наредбата за соборување на рускиот бомбардер Су-24.
„Јас не ја дадов наредбата да се собори тој авион. Можно ли е за 17 секунди да се обратат до мене и јас да дадам таква наредба? Не, тоа е невозможно.
Премиерот дава инструкции за стапување на сила на правилата за реагирање на закана. Тие правила не се нови и се применуваат без мои инструкции. Два дена пред тој случај Генералштабот (на турската армија) ги предаде тие овластувања на командата на ВВС на земјата. И тоа е правилно. Би било неправилно да не се даваат инструкции за заштита на воздушниот простор“, изјави Давутоглу во средата во интервју за телевизијата „НТВ“, пренесува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче