Текст е објавен на сајтот на Министерството за надворешни работи на РФ, пренесува ТАСС.
„Мора да се констатира дека годинава не е донесена ниту една одлука од доменот на воено-политичките прашања“, се вели во документот и се нагласува дека причините се во обидите за политизација на најбезопасните проекти и во заедничкиот курс на одделни земји кон конфронтација со Русија кој неминовно води кон дискредитација и деградација на режимот за контрола на вооружувањето и мерките за јакнење на довербата и безбедноста.
Сепак, Русија е подготвена за „предметни консултации за нова контрола на конвенционалното вооружување во Европа, ако и кога нашите партнери ќе изнесат свои предлози“. „Сметаме дека во блиска перспектива е потребно да се работи на унапредувањето на имплементацијата на Виенскиот документ од 2011 година и создавање услови за обнова на конструктивниот дијалог за воено-политичките аспекти на европската безбедност“, се нагласува во соопштението на МНР РФ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.