Песков: Турскиот бизнис ѕвони за тревога

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека „провокативните постапки на Турција (која го собори рускиот Су-24) не се во интерес ниту на НАТО, ниту на Русија, ниту на самата Турција.

Асоцијацијата на турскиот бизнис не може да најде објаснување за постапките на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и „ѕвони за тревога“, изјави портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков во интервју за „Вести во сабота со Сергеј Бриљов“. Извадок од интервјуто беше прикажан на телевизијата „Русија 24“, пренесува ТАСС.

„Во моментов добиваме навистина многу сигнали од, да речеме, разни општествени организации, од асоцијацијата на турскиот бизнис која работи овде, која буквално ѕвони за тревога. И тие не можат да најдат одговор на прашањето зошто Ердоган го стори тоа“, изјави Песков. Тој исто така додаде дека „провокативните постапки на Турција (која го собори рускиот Су-24) не се во интерес ниту на НАТО, ниту на Русија, ниту на самата Турција“.

Песков исто така истакна дека синот на претседателот на Турција има „определена заинтересираност“ за нафтениот бизнис, а зетот на Ердоган е на чело на Министерството за енергетика на земјата.

„Поаѓам од изјавите на нашиот претседател. Реално, имаме определени информации, но не знам колку е прецизирана, но определена заинтересираност има“, додаде Песков, одговарајќи на прашањето на водителот „дали е вовлечен синот на Ердоган во нафтениот бизнис“.

„Може едноставно апстрактно, еве како турколог, да укажам на тоа дека, знаете, кој е новиот министер за енергетика во новата турска влада што буквално вчера беше формирана? Тоа е зетот на Ердоган. Тој е министер за енергетика. Јас само едноставно констатирам“, потенцираше Песков.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња