Лавров: Турција ја премина границата на дозволеното

Властите на Турција ризикуваат да ја стават својата земја во тешка ситуација како од гледна точка на долгорочните национални интереси, така и од гледна точка на положбата во регионот, смета министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.

Москва смета дека Анкара ја премина границата на дозволеното, што може да ја стави Турција во тешка ситуација, изјави шефот на МНР РФ Сергеј Лавров, пренесува РИА „Новости“.

„Сметаме дека турското раководство ја премина границата на дозволеното и ризикува да ја стави Турција во тешка ситуација и од гледна точка на долгорочните национални интереси, и од гледна точка на положбата во регионот“, изјави Лавров на почетокот на разговорите со шефот на МНР Сирија Валид Муалем.

Лавров ја даде изјавата во контекст на соборувањето на рускиот Су-24 од страна на турската авијација.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња