Путин: Се сомневам дека Анкара не знае за нафтата на ИД во Турција

Не постои никакво сомнение дека нафтата на терористите илегално се превезува од Сирија во Турција. Ако Анкара тоа, наводно, не го знае, тогаш нека дознае сега, рече претседателот на РФ Владимир Путин.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека му е тешко да поверува дека Анкара не знае за илегалните испораки на нафта од терористите од Сирија во Турција, пренесува „Взгљад”.

„Ако не знае, тогаш нека дознае“, рече рускиот лидер на конференцијата за новинарите по разговорот со францускиот колега Франсоа Оланд. Тој напомна дека станува збор за огромни количини илегална нафта кои Русија ги гледа од воздух „деноноќно“.

Путин потсети дека пред само две недели на самитот на Г-20 во Анталија беа „покажани фотографии снимени од нашите пилоти на висина од 5 илјади метри“.

„Тоа изгледа како жив нафтовод”, ги опиша сликите претседателот на Русија, додавајќи дека руската авијација гледа од воздух дека возилата одат в Турција. „Ја оставам како можна опција дека државниот врв на Турција не знае ништо. Но тоа не значи дека турските власти не треба да ги запрат илегалните акции“, рече Путин.  

„Тоа не е само нафта. Таму е крвта на нашите граѓани, затоа што со тие пари терористите купуваат оружје муниција, а потоа приредуваат крвави акции како со нашиот авион во Синај и во Париз...“.

Путин додаде дека е сигурен дека нафтата оди директно за Турција и дека не постојат никакви сомневања за тоа.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња