Руските војници кои се наоѓаат во Сирија не учествуваат во воени операции, туку само ја одржуваат воената техника и ги учат своите сириски колеги како да ја користат, изјави специјалниот претставник на рускиот претседател за Блискиот Исток и Африка Михаил Богданов, а пренесува „Взгљад”.
„Нашите спогодби со Сирија се реализираат. Се испорачува различна техника за која е неопходно одржување, а на нашите партнери, претставниците на сириските Вооружени сили им е потребна помош и насоки, како и обука за совладување на оваа техника која подразбира испраќање и боева муниција, но и наши стручњаци кои на место ги обучуваат сириските партнери“, рече Богданов, истакнувајќи дека ваквите постапи не ги кршат ниту руските, ниту меѓународните правни норми.
Претходно министерот за информации на Сирија Омеран Аз Зоуби го демантираше соопштението на многу медиуми дека на територијата на оваа земја се наоѓаат руски војници. Како што рече, тоа е „измислица на западните разузнавачки служби“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче