САД се исплашија од фантоми од Русија

САД се загрижени од соопштенијата за учеството во борбени акции во Сирија од страна на Русија и го сметаат таквото делување за „дестабилизирачко“, изјави портпаролот на Белата куќа Ернест.

САД се загрижени од соопштенијата за учеството во борбени акции во Сирија од страна на Русија и го сметаат таквото делување за „дестабилизирачко“, изјави портпаролот на Белата куќа Ернест. Повод беа информациите во медиумите дека руската авијација се наоѓа во Сирија и врши напади врз позициите на „Исламската држава“, пишува „Свободнаја преса”.

Претставникот на американската администрација изјави дека не сака да суди за вистинитоста на овие соопштенија. Како што наведува изданието, тоа е мошне чудно, со оглед дека пристигнувањето на воена техника, а особено нејзината употреба, не може да остане незабележана покрај современите средства за истрага и Пентагон, кој внимателно ги следи случувањата во регионот.  

„Повеќе им верувам на официјалните лица на Русија отколку на САД. Портпаролот на нашиот претседател Дмитриј Песков веќе кажа дека не треба да им се верува на гласините. Како стручњак знам дека руските претставници ја зборуваат вистината. Всушност, каде се појави информацијата за руски авиони во Сирија? Од една страна, за руските ловци соопштуваат сириските бунтовници, меѓу кои има и припадници на терористички организации. Од друга страна, се појавија неколку соопштенија во мали израелски изданија, на кои и во самиот Израел не им веруваат“, смета советникот на директорот на Рускиот институт за стратешки истражувања, стручњак за Блискиот Исток Елена Супонина.

Според неа, ваквите вести ги шират оние на кои не им одговара активирањето на дипломатските напори на Русија, насочени кон решавање на сириската криза. „Токму сега се појави шанса, иако мала, за постигнување договор меѓу Русија и САД. Таа се појави благодарение на напорите на Москва да ги смири сириската влада и умерената опозиција. Тоа е неповолно за радикалните екстремисти. Можам да претпоставам дека е неповолно и за Израел. И покрај близината на судирите, тој не е толку опасен, меѓутоа, за Израел е подобро Сирија да бие што послаба. Познато е дека овие две земји се во непријателски односи“, истакнува Супонина.

Таа додаде дека Американците сега се одлучни да пронајдат решение и да постигнат договор со Русија за сириското прашање. Меѓутоа, како што вели таа, САД ја користат секоја пригода во областа на информирањето против Русија. „Доколку некој шири гласини, зошто да не ги искористиме како „адут“, истакнува стручњакот.

 

 

 

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња