Порошенко ја обвини Русија за нередите пред Врховната рада

Претседателот на Украина Петро Порошенко смета дека Русија води кампања за дестабилизација на својот западен сосед.

Претседателот на Украина Петро Порошенко изјави дека Русија спроведува „кампања за дестабилизација на Украина“ која, според негово мислење, е причината за неодамнешната смрт на тројца припадници на безбедносните структури во текот на судирите во Киев.  

„Тоа е многу тешко и опасно – да се биде претседател на оваа земја. Доколку не си сигурен во својата победа во она што се однесува на реформите што ги спроведуваш, во промените, тогаш би било невозможно да се продолжи. Можеби сега претседател на Украина е најтешката функција меѓу сите претседатели во светот. Не е лесно да се биде лидер на земја врз која е насочена агресија од страна на РФ“, изјави Порошенко во интервју за британскиот канал „Скај Њуз“, пренесува РИА „Новости“.

„Горд сум што сум лидер на Украина и украинскиот народ, затоа што овој народ пред лицето на агресијата покажа оригинален патриотизам, стремеж да се одбрани земјата, да се зачува стабилноста и да се спроведат реформите“, додаде Порошенко, истакнувајќи дека реформите ќе ѝ помогнат на Украина, на пример, да го реализира договорот за асоцијација со ЕУ.  

Коментирајќи ги нередите во Киев кои завршија со загинување на тројца припадници на безбедносните сили, Порошенко истакна дека оваа трагедија е еден од резултатите на „кампањата за дестабилизација на Украина“ што ја спроведува Русија.  

Тој потенцираше дека Русија и незиниот претседател Владимир Путин се закана не само за Украина, туку и за безбедноста на Европа и светот во целина.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.