Цените на берзите на Њујорк иЛондон не ја одразуваат вистинската вредност на златото како резерва и стандардите за монетарна стабилност, смета американскиот економист Вилијам Енгдал. Големите приватни и централни банки на Западот на вештачки начин ја снижуваат цената на златото, затоа што скапото злато би го загрозило доларот како главна светска резервна валута, се наведува во статијата на порталот „Neo Eastern Outlook“.
Потезите на Русија и Кина во насока на придвижување на сопствен пазар на злато ќе им овозможи да се ослободат од англо-американската завера во манипулирањето со цените која ги блокира природните текови на златото во светската економија, пишува Ендгал, а пренесува РИА „Новости“.
Кина во мај со учество на Шангајската берза на злато го основа најголемиот златен инвестициски фонд на светот во вредност од 16 милијарди долари. Инвеститори во фондот се двете најголеми кинески компании за експлоатација на злато кои е вложуваат средства во проекти за експлоатација на благородниот метал по должината на евроазискиот „Пат на свилата“, вклучувајќи ја територијата на Руската Федерација.
Во текот на првите пет месеци Русија за шест пати ја зголеми експлоатацијата на злато и според многумина, не е далеку од моментот кога ќе ја осигура вредноста на рубљата со злато. Истовремено Кина, која се обидува од јуанот да создаде светска резервна валута, исто така е заинтересирана да ја осигура вредноста на својата валута со злато.
Кина и Русија го заземаат првото и третото место на листата на светски производители на злато. Јужноафиканската Република, која заедно со нив влегува во состав на БРИКС и која во 2006 година беше прва по производство на злато, денес е на седмо место, додека Узбекистан, член на ШОС, е осми. Според аналитичарите, сите овие земји заедно полека, но сигурно, формираат нов систем кој претставува алтернатива на системот на напумпаниот долар и за 3 до 5 години ќе претставуваат економски простор со најбрз економски раст. Тоа сигурно ги загрижува Волстрит, американските Федерални резерви и американскиот трезор.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче