Рогозин проговори за неуспесите на космичките програми

Вицепремиерот на РФ Дмитриј Рогозин во ексклузивно интервју за телевизискиот канал НТВ одговори на прашањето за тоа зошто двете стратешки гранки – одбранбената и космичката – се развиваат толку контрастно: во одбранбениот сектор во последно време се забележува напредок и достигнувања, додека во космичкиот скандали и неуспеси.

Главната причина за она што се случува во Роскосмос според Дмитриј Рогозин се реформите во космичката гранка кои започнаа многу подоцна, одошто во одбранбено-индустрискиот комплекс. Поради тоа специјалистите од Роскосмос при анализата на несреќите се потпираат на „чувство“ наместо математички да ги моделираат можните ситуации. 

Меѓу другото тој изјави: „Одбранбениот комплекс започнавме сериозно да го реформираме пред три години. Сега имаме 50 интегрирани структури. Космичката гранка, пак, за жал, започна да се реформира пред една и пол година. Затоа во авијацијата сега не можеме да си претставиме создавање нови авиони без нивните дигитални модели. Во Роскосмос, пак, сè уште работат со хартија и со молив“.

Втората причина, според Рогозин, е во тоа што откажувањето на техниката на земјата и во космосот се различни работи. „Космичките несреќи завршуваат со тоа што остатоците паѓаат во океан или согоруваат во атмосферата, па затоа е тешко да се дојде до вистинските причини – не постојат материјални делово“, изјави Рогозин.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња